Момче од Хонгконг кој на Фејсбук е потпишан како Harry Ng, преку објава во групата „Expats and Foreigners in Macedonia“, бараше помош да ја пронајде девојката со која се фотографирал во Охрид.

Набрзо по неговата објава и многубројните коментари, момчето се огласи повторно со новост дека ја пронашол девојката но, се уште на ја контактирал.

Тој им се заблагодарува на сите кои му помогнале во потрагата и го контактирале, а ги охрабрува сите со слична приказна да се обидат, бидејќи никогаш не се знае што добро тоа може да им донесе.

Инаку, според неговата прва објава, тој се запознал со девојката за време на неговата посета на Охрид на 7 октомври. Додека шетал заедно со групата, му пришла непознатата девојка и побарала да се фотографира со него.

 

Најчитани вести