Loading..

Најавената инвестиција на Фолксваген од 1,3 милијарди евра го разбранува регионот. Откако вчера беше објавено дека Хрватска се вклучува во трката за оваа вредна инвестиција, денеска и Босна и Херцеговина соопшти дека е заинтересирана за фабриката на германскиот автомобилски гигант.

„Испративме писмо за интерес и сега чекаме. Не се откажуваме“, соопштија од кабинетот на федералниот премиер, Фадил Новалиќ, за Дневни аваз.

Според информациите, понудени се две локации за изградба на новата фабрика и двете  во областа на Кантонот Сараево.

„Едната е на местото каде што беше ТАС, а другата е во Општина Нови Град. Ним им е потребна огромна површина, а такви површини нема многу. Ние исто така понудивме некои придобивки во условите за финансирање“, велат од таму, истакнувајќи дека Турција не е 100 проценти испадната од трката за инвестицијата на Фолксваген.

Сепак се зборува дека постои спор  Фолксваген и сараевски Превент, но истиот доколу е потребно би можел брзо да се реши.

Во трка за големата инвестиција на Фолксваген во регионот беше и Македонија која веднаш испадна. Германската компанија требаше да инвестира во Турција, но заради воената офанзива во Сирија се откажа од изградба на фабрика, па сега за оваа огромна инвестиција се борат Србија, Бугарија, Романија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Најчитани вести