Поранешната австралиска тенисерка Јелена Докиќ, некогаш четврта тенисерка на светот, уште еднаш ги воодушеви своите фанови со фотографија која што ја објави на својот Инстаграм профил.

Имено,  Јелена Докиќ,  заради  проблеми со тироидната жлезда претходно бореше со вишокот килограми. Пред две години, таа тежеше 120 килограми и реши да го промени својот животен стил и се стави на ригорозна диета. Таа беше целосно успешна во тоа и успеа да ја преполови својата тежина.

Докиќ во својата автобиографија „Нескршлива“  објави шокантни детали за себе, за нејзиното семејство и најмногу од сè, за нејзиниот  татко Дамир.

Инаку Докиќ е родена во Осијек , но заради војните во Југославија нејзиното семејство најпрвин се пресели во Сомбор во Србија, а потоа во 1994 година во Австралија.  Иако нејзиниот татко сакал таа да игра за Србија (тогашна Србија и Црна Гора), сепак Јелена настапи за Австралија.  

Јелена минатото лето беше забележана на одмор со нејзиното момче во Хрватска од каде се пофали колку ужива во љубовта и во убавините на Дубровник.

Најчитани вести