Тригодишно дете загина откако грчки брод на крајбрежната стража удрил во гумен чамец во кој се превезувале мигранти.

Спасувачи пронашле тело на тригодишник источно од островот Кос, откако брод на крајбрежната стража случајно удрил во гумен чамец во кој се превезувале 34 бегалци.

Досега се спасени 32 лица, додека млад човек од Сирија сè уште се води за исчезнат, пренесува АНА.

Шест лица се повредени и хоспитализирани во болница на Кос.

Три чамци на крајбрежната стража, еден приватен брод и чамец на „Фронтекс“, како и еден хеликоптер и натаму се на местото на инцидентот во потрагата по исчезнатиот.

извор: Makfax

Најчитани вести