Не запираат шпекулациите за официјалното враќање во фудбалот на португалскиот стручњак Жозе Мурињо, кој речиси една година е без ангажман.

Германските медиуми пишуваат дека за услугите на Мурињо заинтересирани се од тимот на Борусија Дортмунд, како замена за актуелниот тренер  Лусиен Фавр со оглед на тоа што „милионерите“ имаат проблеми оваа сезона во германското првенство.

Борусија Дортмунд  не ја почна сезоната на посакуваното ниво и моментално се наоѓаат на четвртото место,  бидејќи направија неколку неочекувани киксови.

Следните три недели ќе бидат клучни за Фавр бидејќи Борусија Дортмунд  два пати ќе игра со Интер во Лигата на шампионите, потоа со Шалке во Купот на Германија и на крајот со Баерн Минхен.

Претходно, името на Мурињо кој неодамна објави дека учи германски се поврзуваше со Баерн Минхен, а потоа по лошите резултати на Реал Мадрид се пишуваше и за негово враќање во шпанскиот клуб

Најчитани вести