Албанската полиција разоткри иранска терористичка ќелија, која подготвувала терористички акт во Албанија, на празник на бекташката верска заедница Султан Невруз, изјави генералниот директор на полицијата, Арди Велиу.

Тој на прес-конференција ги објави и имињата на иранските терористи, чија мета била Албанија и рече дека „главата“ на ова ќелија е оперативецот на Силите ЌУДС, познат како пејман.

Пејман, за кого не се наведуваат други податоци бил постојан жител на Иран и од дистанца раководел со оперативци во Албанија и во други земји на Централна и Западна Европа.

извор: Makfax

Најчитани вести