Loading..

Иако сите мислат дека знаат како да го живеат животот – никој не е безгрешен, а есен психолог советува како да не се каете во староста за одлуките во младоста.

Еуген Веритов е гешталт терапевт кои открива кои се клучните работи што придонесуваат за добар или лош резултат и позитивно или негативно чувство понатаму во животот.

Како ќе се однесувате сега, влијае многу на тоа како ќе се чувствувате кога ќе остарете, дали ќе бидете задоволни од себе и сопствениот живот.

Па, ако не сакате пензионерските денови да ви поминат во горчина и каење – имајте ги на ум следниве совети и правила:

1. Не ги судете веднаш луѓето кои се однесуваат лошо, не мора да значи дека се навистина такви – едноставно животот ги натерал да се однесуваат поинаку.

2. Никој не мора да го прифати тоа што не му се допаѓа. Способноста да кажете „не“ е многу важна.

3. Кажете им на луѓето што чувствувате. Научете ги да ве доживуваат како личност која има емоции и ги споделува.

4. Наместо на навредите на луѓето да им вратите со навреда, едноставно кажете им дека ве навредиле. Така ќе избегнете конфликти и ќе ги натерате луѓето да ве слушаат.

5. Довербата е дар кој пред сè си го подарувате на себе. Тоа што имате доверба во луѓето ви го олеснува животот.

6. Размислувајте позитивно, но не ја занемарувајте реалноста – така само се затворате во посебен свет.

7. Никогаш не размислувајте на тоа „дали некој е навистина способен да направи такво нешто“. Дали може партнерот да ве изневери? Да, можно е. Луѓето се чудни ѕверови – подготвени се на сè.

8. Да бидете заглавени до гуша и да се одглавите се два различни процеси. Ако сакате да се извлечете, мора прво да сфатите како воопшто сте се довеле до таа ситуација.

9. Супер е сите да ве почитуваат, но реално – никој не е должен за тоа и не се разочарувајте. Ако размислувате поинаку, ќе станете огорчен старец.

10. Читањето книги за психологија е супер. Но ако сакате навистина добра терапија и помош, задолжително одете кај оној кој веќе одамна ги прочитал сите тие книги и одамна ги заборавил.

Најчитани вести