Комитетот за натпреварување на шпанската Ла Лига го одреди датумот на кој ќе се одигра првото Ел Класико кое беше одложено заради протестите во Каталонија.

Барселона и Реал Мадрид силите ќе ги одмерат дури на  18 декември, а тоа денес беше и официјално потврдено.

Ел Класико кое требаше да се игра оваа недела беше одложено заради немирите во  Барселона кои беа резултат на затворските казни на заговорниците за отцепување на Каталонија од Шпанија.

Најпрво решение се бараше во тоа првиот натпревар да се одигра во Мадрид, на Сантјаго Бернабеу, но тоа беше одбиено при што мораше да се изнајде нов датум кој на крајот се потврди дека ќе биде 18 декември.

Најчитани вести