Loading..

Од 1 јануари идната година Европската комисија ќе ги казни производителите на автомобили за секој вишок јаглерод диоксид (СО2) над зацртаниот просек од 95 грама на секој поминат километар. Казната ќе изнесува 95 евра за секој грам.

Ова произлегува од строгата регулатива со која се поставуваат стандарди за емисија на CO2 за нови автомобили и нови лесни комерцијални возила. Со неа ЕК бара од производителите на автомобили да произведуваат возила што се продаваат на пазарот на ЕУ што ќе емитуваат 95 грама на километар, додека само 5 отсто од возилата ќе можат да имаат поголема емисија на јаглерод диоксид од планираното.

Сето ова ќе доведе до пораст на цената на новите автомобили бидејќи дилерите нема да можат сами да ја надоместат казната. Според проценката на консултантската компанија „Еулер Хермес“, цената на новите автомобили ќе се зголеми за 2,6 отсто во просек во 2020 година, што е само почеток на порастот на цените, анализира „Јутарњи лист“.

Просечната емисија на CO2 на нови автомобили продадени во ЕУ во текот на 2018 година изнесуваше 120,6 грама на километар, а доколку е така во 2020 година, производителите ќе треба да платат огромни казни. Експертите проценуваат дека казните се движат од 20 до 35 милијарди евра, а казните ќе се пресметаат врз основа на бројот на продадени, а не произведени автомобили.

Најчитани вести