Американскиот Сенат го одобри Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. 91 сенатор гласаa ЗА и 2-ца против. Претходно истиот ден, Сенатот гласаше протоколот на НАТО да биде усвоен со забрзана постапка. Еден ден претходно, протоколот за членство во НАТО на Северна Македонија беше ратификуван од Италија и Велика Британија, додека Франција го одобри првото читање. Според тоа, за да се заврши целата постапка, и за Северна Македонија да стане полноправна членка, уште четири земји мора да го ратификуваат протоколот за членство во НАТО на Северна Македонија.

Американскиот претседател Доналд Трамп го испрати протоколот до Сенатот на 30 април годинава. Тој во дописот до Сенатот бара да се обезбеди препорака и согласност за ратификување на протоколот. Американските власти во своите изјави даваат поддршка за членството на Македонија во Алијансата.

Од земјите членки на НАТО, останува ратификацијата да ја завршат и Шпанија, Исланд, Холандија, а процесот треба да го дозаврши и Франција.

Најчитани вести