Loading..

Италијанскиот весник Ла Верита во денешното издание, во текстот насловен како: "Искри помеѓу Париз и Берлин поради Скопје. Канцеларката пробува да го спаси Заев" пишува дека со стопирањето на членството во ЕУ, македонскиот премиер е во проблеми. Нова истрага за корупција, најави Ла Верита, посочувајќи за прв пат директно кон премиерот Зоран Заев како учесник во аферата "Рекет". Во продолжение ви го пренесуваме целиот текст на Ла Верита.

Пишува: Ларис Гајзер

Блокирајќи го отворањето на преговорите на Македонија со ЕУ за време на последниот европски Совет, Макрон ги поткопа плановите за Балканот на Меркел. Македонскиот премиер Зоран Заев, по телефонскиот разговор со Канцеларката Меркел и други лидери, одлучи да не се чувствува виновен за настанатата ситуација.

На денешната средба кај Претседателот Стево Пендаровски ќе понуди предвремени избори, со модалитет да му се овозможи да не поднесе оставка и да маневрира во преговорите, исклучувајќи ја опозицијата. Но, веќе ниту еден главен град не смета на Заев.

Последниот удар за иднината на премиерот би требало да дојде од истрагата, следена од нас уште од почетокот, којашто пред неколку недели ја прати во куќен притвор потпретседателката на Собранието, соц-демократката Фросина Ременски, близок соработник на Заев.

На мажот на Ременски, под палката на Заев станат шеф на единицата за антитероризам, подоцна му беше доверена одговорноста за формирање нова тајна служба - АНБ, со цел во истата да се примат само луѓе верни на премиерот, делегитимирајќи ја агенцијата УБК.

Како што појаснивме преку прислушкувањата кои ги објавивме летоска, Ременски беше почесен претседател на хуманитарната организација - Меѓународен Сојуз, преку кој поминувале сумите на многубројните активности за изнуда на пари од Боки13, поддржани од политичко-судскиот врв.

Ременски беше приведена за случај каде Силјан Мицевски, човек што се занимава со градежништво, во месец Ноември 2018г., платил на една стара госпоѓа, којашто се вика Лилјана Тодоровска, дури 750.000евра, поради една брилијантна идеја која што госпоѓата ја имала, за изградба на пензионерските домови.

Госпоѓата кога ги примила парите на сметка, била придружувана во банка со двајца претставници од Меѓународниот Сојуз, на коишто требало да им ја даде целата сума, и кои потоа исчезнале со парите. Во случајот, официјално се под истрага таткото на Боки13 и Јасна Мандиќ, ТВ колешка на Боки13.

Од денешен агол, притворањето на Ременски делува како битна амортизација со која Заев се обидува уште еднаш да се спаси од кривична одговорност.

За време на истрагата од страна на Верита, во последните месеци добивме потврда за фактот дека управата за финансиско разузнавање - УФР, врз база на сомнеж за незаконски дејанија, го замрзнала плаќањето на 750.000€ извршено во корист на Тодоровска.

Почитувајќи ги легалните процедури, УФР за потенцијалното кривично дело уредно ја известила обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, која можела да ја искористи својата моќ да определи притвор на неопределено време, односно да почне истрага.

Сепак, според информациите што ги имавме, а потоа и со сведочењето на обвинителот Наум Пановски, пред републичкиот јавен обвинител Јовески, следниот ден Заев лично ја побарал Русковска наредувајќи и да ги одблокира парите. Русковска, не случајно фаворит на Заев за замена на Катица Јанева - специјалната обвинителка која во моментов е во затвор поради нашите откритија, му наредила на обвинителот задолжен за случајот, да ги следи директивите дадени од Заев.

Потоа, ниту една дополнителна истражна активност не била сметана за потребна и парите 750.000€ биле префрлени на сметката на примателот во следните 48 часа.

Ваквите сведочења ја потврдуваат директната поврзаност помеѓу премиерот Заев и рекетот извршуван од Боки13, но најмногу, ја потврдуваат личната блискост помеѓу двајцата, којашто е докажана исто така преку фотографии на Боки13.

Со оглед на откриените факти од Ла Верита во август, обвинителот Пановски, во борба со сопствената совест, преферираше да ги раскаже фактите коишто ги знае на државниот обвинител. Републичкото обвинителство, на кое му беше побарано од страна на Верита да ги искоментира вестите кои ги поседуваме, остана во тотален молк. По упатувањето на нашите прашања, сеуште не сме добиле никаков одговор.

Извор: Ла Верита

Најчитани вести