Вкупно 13 лица се загинати, седум на лице место, а шест  подлегнале на повредите во болница во тешката сообраќајка што се случи на патот  Скопје-Тетово кај Карпалак соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

Како што изјави Филипче кој и самиот веднаш се упатил на местото на несреќата, медицински екипи реагирале веднаш и им укажале помош на повредените.

- Во ГОБ 8 Септември се примени 25 пациенти од кои 22 се хоспитализирани , 4 се на интензивна нега , двајца се подготвуваат за хируршка интервенција. Во ургентниот центар се примени пет пациенти , тројца со полесно повредени, меѓу кои и една бремена жена која ќе биде пуштена на домашно лекување, едно лице се подготвува за хирирушка интервенција, а едно е во тешка животно загрозувачка состојба, истакна Филипче од Градската општа болница 8 Септември

Во старата градска болница во Скопје, како што рече тој, е хоспитализирано едно лице.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје врши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје – Тетово и во која до овој момент 13 лица го загубија животот, а повеќемина се повредени

Според првичните информации од увидот, несреќата се случила попладнево кога автобус на компанијата „Дурмо турс“ со гостиварски регистарски таблици преминал преку заштитната ограда на спротивна страна од автопатот, потоа излетал од патот и се превртел во близина на селото Ласкарци.

Во насока на утврдување на причините за несреќата,  јавниот обвинител ќе издаде наредби за обдукција на починатите лица, како и за вонреден технички преглед на возилото. Во текот на ноќта местото на несреќата ќе биде обезбедено, а увидот и извлекувањето на автобусот ќе продолжи во текот на утрешниот ден.

Возачот на автобусот е повреден и хоспитализиран, а од страна на надлежен јавен обвинител е издадена наредба за анализа на крв и урина.

1
loading...

Најчитани вести