Садмир Тарик и Армин Каровиќ тврдат дека тие на полицијата во неделата и дале клучни информации што довеле до лоцирање на серискиот убиец Един Гачиќ од кој во изминатите осум дена стравуваа сите жители на Босна и Херцеговина.
Садмир зборува за настанот и кажува штое се случило во неделата дека трага по убиецот. 

- Ја повикав полицијата околу 16 часот во неделата откако како совесен граѓанин,го забележав убиецот. Можеше да ме убие, јас бев на само 100 метри под него - кажува Тариќ и вели дека мотив му била и наградата од 25.000 евра која била ветена на оној што ќе ја доведе полицијата до серискиот убиец.

Но, наградата од 25.000 евра не ја добил. 

Откако работата се завршила заминал во владата на сараевскиот кантон и побарал кратка средба со премиерот на кантонот Един Форти, но добил одговор дека премиерот е зафатен па го упатиле до комесарот на МВР Мевлудин Халиловиќ.

- Отидов во МУП и тие не ми дозволија средба со комесарот. Ми кажаа дека наградата воопшто не е распишана и ме исфрлија надвор, вели Тариќ.

Но, ова се само извадоци, целата филмска приказна најдобро е да ја погледнете лично, на видеото во прилог:

1
loading...

Најчитани вести