Велика Британија го критикуваше интервјуто со двајцата Руси, кои се товарат за обид за убиство на поранешниот руски агент, Сергеј Скрипал.

Како што соопштија британските власти, интервјуто е напад врз јавната интелигенција и е длабоко навредливо.

„Лагите и очигледните измислици во ова интервју дадено за руска телевизија поддржана од државата се навреда за интелигенцијата на јавноста“, изјави портпаролот на британската премиерка, Тереза Мeј.

„Уште поважно, тие се длабоко непријатни за жртвите на овој ужасен напад и нивните најблиски“, додаде тој.

Портпаролот на Тереза Мeј рече дека британската полиција пронашла многу јасни докази против двајцата мажи кои ќе бидат изведени пред лицето на правдата, доколку некогаш повторно ја напуштат Русија.

извор: Makfax

Најчитани вести