Потпретседателот на опозициското Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ), Луан Рама, обвини за скандал со државните симболи во Албанија. Откако тоа јавно го направи во парламентот, тој на Фејсбук напиша за употребата на бел орел на националното знаме од страна на Министерство за надворешни работи.

„Скандал. Министерството за Европа и надворешни работи користи бел орел на национално знаме! Го осудив овој чин и претходно во парламентот на Албанија, пред пратениците и владините министри, но никој не реагираше! Скандалозен чин, срамно дело и тешка навреда на националните симболи, флагрантно кршење на Уставот и законот!“, напиша потпретседателот на третата на големина политичка партија во земјата. Засега нема реакција од Министерството за обвинувањата на Социјалистичкото движење за интеграција.

На албанското национално знаме на црвена основа има двоглав орел во црна боја.

1

Најчитани вести