Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ на својот Инстаграм се пофалила како нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ ужива во друштво на две холивутески диви.

Пеачката на социјалните мрежи предизвикала лавина коментари кога објавила слика на својот сопруг со манекенката Кејт Мост и глумицата Памела Андерсон. Сликата настанала во Лос Анѓелес, а Драгана е позната по тоа што често поставува фотки со познати светски фаци.

Мирковиќ и нејзиниот сопруг се во одлични односи со легендарниот глумец Жан Клод Ван Дам, со што јавноста е запозната бидејќи Гага редовно објавува слики за време на нивната дружба.

Под фотографијата на Тони со светските лепотици се нижеле коментари на одушевување на фановите, но коментар кој најмногу привлекол внимание е оној кој го напишала Драгана

- Мојата љубов во прубаво друштво – порачала фолкерката

Инаку Драгана и Тони уживаат во хотелот "Beverli Vilšajer For Sizons" во кој се снимал култниот фил “Убава жена“.

Пеачката и бизнисменот во Лос Анѓелес отишле на покана на пријателот Жан Клод Ван Дам, каде што деновите ги поминуваат во разгледување на знаменитости и дружење со холивутската елита.

3

Најчитани вести