Возач на блиндирано возило за испорака на готовина исчезнал во близината на Париз со околу еден милион евра, пренесува „Локал“.

Момчето околу 6:00 часот запрело пред експозитурата на „Вестерн унион“ во Обервијерие, предградие северно од Париз, и останало во возилото додека двајца негови колеги влегле внатре.

„Кога се вратија, ни комбето ни возачот ги немаше”, вели еден од изворите.

Комбито било пронајдено набргу потоа неколку блока далеку со широко отворени врати, но возачот и торбите со готовина, во вредност од околу милион евра, не биле пронајдени.

„Ломис, компанијата за блиндирани возила, не сакала да го комнтира инцидентот, а Одделението за борба против бандите во француската полиција отворило истрага.

Последниот голем грабеж во Франција се случи во ноември 2009 година кога Тони Мусулин избегал во оклопното комбе со кое управувал со најмалку 11,5 милиони евра во готовина собрани од зградата на Банката на Франција во Лион.

Тој беше фатен по малку повеќе од една недела во бегство.

извор: Makfax

1

Најчитани вести