Република Македонија е обесчестена и обезличена. Зградата со адреса Илинденска број 2 во Скопје осамна без буквите Влада на Република Македонија, изјави денеска на прес-конференција, Наум Стоилковски, од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ги слушнавте зборовите на Зоран Заев за странските медиуми. Слушнавте како вели – кога влегувате во оваа Влада, пишува Влада на Република Македонија, а зад мене ја гледате денешната слика на денешниот изглед на Владата на Република Македонија, каде што ги нема буквите, што значи дека Македонија е обесчестена, Македонија е обезличена“, рече Стоилковски.

Додаде дека Заев е човек што ветува сè и сешто додека ги продава националните и државните интереси, а криминалот царува во секоја пора на општеството.

Стоилковски пред новинарите пушташе видеа со изјави на Заев.

извор: Makfax

3

Најчитани вести