Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во Словенија се сретна со претседателот на Словенија, Борут Пахор.

Пахор рече дека Република Македонија е пријателска држава која дели заедничка историја со Република Словенија и земја со која постои заемна почит и одлична соработка, а ги поздрави и напорите на Република Македонија за членство во НАТО и ЕУ, при што истакна дека преземените одлуки за решавање на споровите со соседите бараат голема политичка одговорност, но потребни се решителност и храброст за донесување зрели политички одлуки, кои придонесуваат за подобра и побезбедна иднина за сите граѓани.

Претседателот Џафери изрази благодарност за поддршката на Република Словенија во напорите за интегрирање на Република Македонија во НАТО и ЕУ. Тој истакна дека земјата е свесна за патот што го помина и тежината на одлуките нема да ги промени чувствата на граѓаните, туку, напротив, ќе ги зближи повеќе, преку заемна почит и разбирање.

Пахор нагласи дека Република Словенија ќе направи сè што е можно да ја поддржи Република Македонија во својот евро-атлантски пат бидејќи, како што рече, само преку интеграција на сите земјите од Западен Балкан ќе има мир во регионот и пошироко.

извор: Makfax

0

Најчитани вести