Кон крајот на декември, МИ6, ЦИА и Мосад спровеле заедничка операција за префрлање ирански нуклеарен научник во Велика Британија преку Ламанш користејќи ја мигрантската криза како покритие, пренесува „Дејли експрес“.

Научникот наводно поседувал информации за иранската нуклеарна програма и бил вклучен во атентатот врз највисокиот нуклеарен експерт во Техеран, Мостафа Ахмади Рошан, во 2012 година.

Научникот, чие име не е откриено, прво морал да помине околу 4.828 км по копно до француското крајбрежје во близина на Кале откако израелската тајна служба го извадила од Иран.

Откако стигна во Франција, остана прашањето како да го внесеме во Британија. Не можевме едноставно да го сместиме во авион. Иако невообичаено, беше одлучено да се инфилтрира во група мигранти кои се спремаада го преминат каналот со чамец “, вели еден од изворите на „Дејли експрес“.

Сето ова не поминало без предизвици бидејќи отсуството на научникот било брзо откриено, а агентите за безбедност биле информирани дека по него е испратена специјална единица на Исламската револуционерна гарда.

Откако пристигнал во Лид, во Кент, со 12 други мигранти на Нова Година, Иранцот бил интервјуиран од MI6 пред да биде пренесен во САД.

извор: Makfax

1

Најчитани вести