Шимпанза искористија гранка за да побегнат од нивното живеалиште во зоолошката градина во Белфаст, северна Ирска, во саботата. Чуварот на зоолошката градина наместо да ја признае вината, за немилиот настан ја обвинил бурата.

Имено, тој посочил дека силниот ветер предизвикал кршење на гранки од дрвјата, кои им овозможиле на шимпанзата да остварат билска средба со посетителите, пишува „Сан“.

Мајмуните собрале една поголема скршена гранка и ја искористиле истата како скала, за да се искачат по високиот ѕид и да побегнат.

Слики и снимки од овој настан се појавија и на социјалните мрежи. Посетителите биле шокирани и вознемирени кога виделе шимпанзо на патеката во центарот на паркот.

Други мајмуни биле снимени како седат на ѕидот. Големото бегство завршило кога службата успеала да ги врати животните во нивното живеалиште.

Ова е втор инцидент во зоолошката градина за краток период откако неодамна исчезна црвена панда, поради дефект на електричната ограда околу нејзиното живеалиште.

Животното беше пронајдено пред куќа во непосредна близина на зоолошката.

извор: Makfax

0

Најчитани вести