Во Кина за време на годинашната прослава на Лунарната Нова Година биле реализирани 415 милиони патувања на домашни туристи, што е за 7,6 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, објави кинеската агенција „Ксинхуа“.

Агенцијата „Ројтерс“, пренесувајќи ги овие информации, потсетува дека еднонеделниот празничен одмор во Кина полека завршува.

Според информациите добиени од кинеското Министерство за култура и туризам, за време на најголемиот празник во земјата, остварени се приходи од 76,2 милијарди долари, што на годишно ниво е зголемување од 8,2 отсто.

Во исто време, преминувањето на кинеските граници во двете насоки се зголемени за 11% споредено со истиот период во 2018 година, на 12,53 милиони, а кинеските граѓани од лични причини ја преминале границата 7,22 милиони пати, што е за 16% повеќе од минатата година.

извор: Makfax

0

Најчитани вести