Јасминка Јовановска, мајка на сопственикот на 1тв, Бојан Јовановски во петокот на седница на Собранието е изгласана за нов член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации. Пратениците во петокот на седница ја донесоа одлуката Јовановска за член на оваа комисија. Извори во редовите на пратениците кои одлучуваа, велат дека препораката за Јовановска дошла лично од Александар Кирацоски, генерален секретар на СДСМ и пратеник во Собранието. Ова го потврдија и пратеници од СДСМ и пратеници од Комисијата за избори и именувања од двете партии.

„Од ВМРО-ДПМНЕ бевме само јас и Лилјана Кузмановска и ние не гласавме за предлогот“, вели Илија Димовски, пратеник и дел од Комисијата за избори и именувања. Тој вели дека не знаел дека Јовановска е во роднински врски со Бојан Јовановски. 

Според биографијата поднесена во Собранието, Јовановска работела како правник во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје. Од 1998 година е вработена во Министерство за труд и социјална политика на  работно место раководител на секторот за социјална заштита.

Фото: принтскрин инстаграм

 

1
loading...

Најчитани вести