Ѕидовите на основно училиште во Сплит утрово биле испишани со навредливи и фашистички натписи. „Ја мразам Србија“ и „За дом“ се само дел од нив, јавува „Индекс.хр“ повикувајќи се на порталот „Далмација данас“.

„Го мразам училиштето и Србите“ пишуавло на ѕидот кај влезната врата, додека на другиот ѕид има големо „У“ со крст, а под него пишува „За дом“.

Истотака со црн спреј било напишано и „Смрт за полицијата“.

На една од вратите имало нацртано и голем кукаст крст.

извор: Makfax

0

Најчитани вести