Москва инсистира на тоа САД да го исполнат ветувањето и целосно да се повлечат од Сирија, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.

„Ние инсистираме САД да го исполнат ветеното и целосно да се повлечат од Сирија“, изјави тој, пренесе новинската агенција „ТАСС“.

Американскиот претседател, Доналд Трамп нареди на 19 декември минатата година, целосно повлекување на американските војници од Сирија, тврдејќи дека екстремистичката група Исламска држава е поразена.

Околу 2.000 американски војници во моментов се распоредени во Сирија.

Според американските функционери, повлекувањето ќе трае од 60 до 100 дена.

извор: Makfax

0

Најчитани вести