Артилериска граната со калибар од 75 милиметри, од Прва светска војна била пронајдена во битолско, соопшти полицијата.

Гранатата била пронајдена вчера околу 12 часот, во атарот на селото Крклино, битолско, односно на парцела лоцирана на локалниот пат помеѓу село Крклино и село Горно Оризари.

Полициски службеници излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата за понатамошна постапка.

извор: Makfax

0
loading...

Најчитани вести