Вчера околу 9 часот на обиколницата од автопат „Мајка Тереза“, кај Смилковско езеро, патничко возило управувано од 35 годишно лице од Скопје, излетало од коловозот и удрило во дрва и ограда со метален столб.

Како што соопшти полицијата, возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

извор: Makfax

0
loading...

Најчитани вести