Поморскиот адмирал Крег Фолер, новиот шеф на Јужната команда на американската армија, одговорен за операциите во Централна и Јужна Америка и на Карибите, рече дека САД не треба да ја отфрлат можноста за влез на руската војска во Венецуела.

Во интервју за Гласот на Америка, Фолер проценува дека Русија се однесува како „ранета, ослабена мечка“ која се бори против демократските интереси во регионот.

„Мислам дека сè е можно со Русија. Видовме што направија во Сирија, и мислам дека треба да бидеме подготвени за сѐшто може да се случи во иднина“, рече Фолер.

Запрашан што може да се очекува од нив кога станува збор за ситуацијата во Венецуела, за какви операции се спрема Јужната Команда на американската apмиja, Фолер одговори дека се сконцентрирани на поддршка за политичко и дипломатско решение.

„И, како што може да се очекува од вoeниoт командант, ние работиме на тоа да осигуриме дека американските граѓани, дипломати и имот се безбедни“, рече американскиот адмирал.

На констатацијата на новинарот дека државниот секретар на САД Мајк Помпео се рече дека во Венецуела има активната ќелија на странски борци, кои се бореле во Сирија, Фолер изјави дека „долгата, злонамерна рака на Иране насекаде во светот, и нивниот сурогат, либанскиот Хезболах, е на самиот крај на рака.”

На прашањето дали тоа значи дека тие се во Венецуела, изјави адмиралот дека апсолутно го почитува државниот секретар на САД.”

“Тој има длабоки морални убедувања и ја зборува вистината”, изјави Фолер, пренесува Танјуг.

1
loading...

Најчитани вести