Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон дојде со нејзиниот сопруг Вилијам на 72. издание на британската филмска академија во Ројал Алберт Хол во Лондон.

Со избирање на долг лелеав бел фустан на модната куќа Александар Меквин, таа го фасцинираше британскиот печат, во кој се вели дека ги засени другите присутни на наградите БАФТА. Дополнителни поени во медиумите Кејт доби заради фактот дека нејзиниот фустан е инспириран од оној што принцезата Дијана го носеше на концерт во Ројал Алберт Хол во 1991 година.

Фустанот од бајките, ги комбинираше со чевлите на Џими Чу, и белегзија Quatrefoil, која и припаѓала на Кралицата мајка Елизабета.

Кејт ги носеше и обетките на Принцезата Дијана, чиј бисер е малку сменет од оргиналниот.

 

0
loading...

Најчитани вести