Македонската фолкерка, Сузана Гавазова  го промовираше видеото за песната „Намазана“, нејзина втора песна на српски јазик. Во спотот пејачката заведува облечена во секси корсет, намачкана со бои, провокативна и разголена.

Фановите и ја пофалија и ја искритикуваа за спотот. Едни ѝ порачаа дека никогаш не била посекси и дека им се допаѓа лезбиската сцена во спотот, а други велат дека наликува на Бебе Реџа и дека е подобро да си тера кариера во Македонија.

„На оваа песна работеа Саша и Ана Диниќ, а видеото го работеше НН Медиа продукција. Песната официјално ја промовирав во емисијата ‘Гранд коктел’ во ‘Гранд продукција’, а во самата емисија испеав и неколку стари македонски песни“, вели Гавазова.

Првата српска песна, „Хало“, Гавазова ја промовираше пред три месеци. Таа неодамна најави дека ќе сними уште две нови песни, на македонски јазик, и дека тие ќе бидат промовирани околу велигденските празници.

1
loading...

Најчитани вести