На 27 јануари минстерката за социјала и труд изјави:

Над 12 илјади вработени од кои најголемиот број во изминатите 10 години за прв пат засновале работен однос не добивале пари за вториот пензиски фонд. Од Министерството за труд и социјала велат дека со ова секој од нив изгубил по околу 400 илјади денари наменети за нивната идна пензија. Исплатата на придонесот за вториот столб на пензиско осигурување била заглавена во периодот од 2007 до 2018-та година а недостасувала за вработени и во приватниот и во државниот сектор.

Од труд и социјала не откриваат зошто не се префрлале парите кон вториот пензиски фонд. Велат дека обвинителството ќе истражува каде каде завршувале средствата кои ги одвојувале вработените. Се работи за исчезнување на 19 милиони евра од пензискиот фонд.

Од труд и социјала велат дека неисплатата кон вториот пензиски столб значи и пониска пензија за 12-те илјади вработени. Поради ова владата предвидела 19 милиони евра, пари со кои ќе се обештетат осигурениците. Во следниот период, секој од нив ќе добие писмо од пензиските друштва и МАПАС со известување дека им се вратени скратени средства.

При гостувањето во емисија „360 степени“, две недели по претходната изјава, Мила Царовска ретерираше и говореше дека скандалот со пензиите е системска грешка.

- Целиот систем едноставно некој заборавил дека треба да се следи. И дека треба одговорно со финанските средства што работодавачот ваш денеска ви ги уплаќа за придонеси одреден процент останува во првиот пензиски столб, но одреден процент заминува за вториот, за да вие можете да земете комплетна пензија. И тоа е суштински проблем, појасни Царовска.

А, кога јас посочив персонална одговорност, го запраша Царовска водителот, при тоа што укажа дека не е технички проблем, ова е системски проблем, проблем кој што значи дека едноставно неодговорно се пристапило кон креирањето на политиките, следењето на политиките во државата кои што се однесуваат на пензискиот систем.

- Јавното обвинителство ќе утврди дали има работа околу овој случај. Моја одговорност согласно Кривичниот Законик е она кое што го имам како индиција да го доставам, а оние кои што се одговорни да прибават докази, да ја следат состојбата, да ја испрашуваат и да ги анализираат процесите каде и за чија цел отишле тие финансиски средства, дали некој ги земал, или не ги земал, значи тоа не е надлежност на МТСП, нагласи Царовска.

1
loading...

Најчитани вести