Во местото Ушивак кај Хаџиќ, во Босна и Херцеговина, владее страв кај населението поради бегство на сериски убиец, кој наводно синоќа убил полицаец, пренесе „Дневни Аваз“.

Како што се наведува, улиците се празни, а луѓето се заклучени во нивните куќи.

Синоќа недалеку од местото е убиен 48-годишен полицаец, а се претпоставува дека го извршил токму бегалецот. Како што пишуваат босанските медиуми, се работи за поранешен муџахедин, под името Един Гачиќ.

„Обвинителството отвори истрага против Гачиќ поради постоење на сомненија дека извршил тешко убиство на припадник на полицијата“ соопшти полицијата.

Голем број полицајци го пребаруваат местото, а во акцијата учествува и хеликоптер. Според министерството за внатрешни работи, бројни екипи цела ноќ го истражувале теренот околу местото на убиството.

Полицаецот бил пронајден застрелан синоќа кај селото Судохол, додека го чувал полигонот за обука на полицајци. Неговото мртво тело го пронашол неговиот колега, кога дошол да го замени.

Пред шест дена Гачиќ брутално убил извесен Суад Султаниќ, по што е распишана потерница по него, а населението моли за помош. Претходно тој ја убил и својата мајка.

извор: Makfax

0

Најчитани вести