Шестгодишно момче од Саудиска Арабија е убиено во четвртокот пред очите на мајката, која се обидела да го спаси, пренесе „Дејли мејл“.

Закариа Ал Џабер, бил со својата мајка во такси, а оделе во храм, посветен на Мухамед во Медина. Во еден момент таксистот го застанал автомобилот и го избркал надвор момчето. Пред едно кафуле прво го удрил со стаклено шише, а потоа му го пресекол вратот со нож, па уште неколкупати го избодел.

Се се случувало пред очите на очајната мајка, но и полицаец кој не успеал да го спаси момчето. Мајката, како што пишува „Сан“, се обидела да го спречи напаѓачот, но паднала на улицата. Напаѓачот бил фатен од полицаецот, но предоцна, тој веќе го убил момчето.

Не е јасно зошто точно е нападнато детето, но саудиските власти велат дека се работи за човек со психички проблеми. Според некои сведоци, таксистот наводно ја прашал мајката на која муслиманска фракција припаѓаат. Нападот следел, кога дознал дека мајката и детето припаѓаат на шиитите, една од двете големи муслимански фракци.

извор: Makfax

0

Најчитани вести