Некогашниот член на групата „Анастасија“, гитаристот Златко Ориѓански се произнесе со свој став околу целосната ситуација со распределбата на финансии од Министерството за култура за проекти.

Според него, треба да се вложува во нешто што ќе роди светска вредност, во некаква светска серија, филм, музика.

„Рита Ора, Бебе Реџа, Дуа Липа пукаат низ цела планета, а ние се занимаваме со доделените средства за театарчето во Зајас, дали ќе тераме пајдушко или шота. Тоа е тој провинцијализам од кој никако да се ослободиме. Грешни мерки, тесна слика за светот, локално делување, разединеите и поделени, совршена подлога за создавање селски наместо светски производи. Вложувајте пари во нешто кое ќе роди светска вредност, направете некоја светска серија, филм, музика. Не туку фрлајте пари во некој Тале или Ајет оти многу сака да глуми пред мајка му. Аман од тој ваш локал патриотизам, сељачизам, 21 век е денес, отворен пазар и натпревар“, напиша Ориѓански на својот профил на Фејсбук.

Шарениот активист Ориѓански се обидува да го релативизира скандалот во серија со етничка поделба на државни пари од Министерството за култура кое доделило државни пари доминантно на Албанци па макар тие се занимавале и со украсување за свадби или како лани за сунет, и да го изравни скандалот со доделувањето скромен износ од 150.000 денари за националниот ансамбл Танец кој сам по себе со децении е бренд во Европа во својата дејност. Не видовме Албанец кој ќе постапи слично: да се побуни зошто на скопскиот џез фестивал му се доделени нула денари, а се доделени по 800.000 денари за секоја свирка на албански ансамбл по тетовските и гостиварски села

0

Најчитани вести