Пратеникот во косовското собрание Миљаим Зека, говорејќи за таксите од 100 отсто на српските производи и притисокот од Америка до властите во Приштина да се укинат, рече дека е против нивното укинување, но, исто така, дека косовската влада не треба да дозволи Америка да му сврти грб на Косово.

Тој отиде дотаму што графички објасни колку за него е важна поддршката од САД.

„Ако Американците ми кажат да не спијам со мојата сопруга три дена, јас нема да спијам за три месеци, бидејќи тие ни помогнаа за независноста на Косово. Иако мислам дека Америка греши и дека не треба да се укинат таксите, не смееме да дозволиме Америка да ни го сврти грбот“, изјави Миљаим Зека, а пренесе „Газета експрес“.

Тој дури рече дека не постои причини да се купуваат српски производи, „кога се знае колку зло му нанела Србија на Косово“.

„Ние не ги учевме нашите деца да не купуваат српски производи. Србија толку нѐ силуваше и толку не уценуваше што немаме причина да купуваме српски производи кога можеме да купуваме производи од Албанија, Македонија", рече тој.

1

Најчитани вести