На архипелагот Новаја Земја прогласена е вонредна состојба поради инвазијата на поларни мечки, соопштуваат од регионалната влада на Архангелск.

„Одлуката да се прогласи вонредна состојба на територијата на Новаја Земја е донесена на 9 февруари на состанокот на комисијата. Вонредната состојба е предизвикана од масовната инвазија на поларни мечки на станбените подрачја“ – соопштуваат од регионалната влада, пренесува агенцијата „Тасс“.

Заменик гувернерот во администрацијата на Нова Земја Александар Минајев изјавил дека повеќе од десетина поларни мечки се собрале во близина на тамошните населби.

Најмалку 52 мечки се забележани во претходните три месеци, а шест од десет мечки константно се наоѓаат на територијата.

 

Во соопштението се наведува дека десетина пријави за мечките стигнале од жителите, училиштата, градинките и други, а луѓето се плашат да ги напуштат своите домови.

„Родителите се плашат да ги пуштат децата во училиште“ – се наведува во соопштението, а пренесе агенцијата „Тасс“.

Како што наведува агенцијата, мечките не се плашат од сирените, кучињата и патролните автомобили, кои инаку ги користат за да ги истераат.

Надзорното тело за природна околина на Русија забранило пукање врз мечките, а експертите се надеваат дека оружјето нема да биде неопходно за да се растераат мечките.

Работната група на регионални и федерални службеници треба да го посети архипелагот за да ја процени состојбата и преземените мерки досега.

Архангелските регионални власти, кои ја надгледуваат Новаја Земља, рекоа дека ако сè друго не успее "пукањето на животните може да биде единствената можна присилна мерка".

Во јануари, официјален претставник на Министерството за одбрана соопшти дека стотици напуштени воени објекти биле уништени на Новаја Земја, бидејќи се појавиле поларни мечки во нив.

Од декември минатата година, 52 поларни мечки ja посетија главнaтa населба на архипелагот, Белуша Губа, a со шест до 10 останаa во селото, некои со "агресивно однесување", објави локалниот претставник Александар Минаев во извештајот до властите.

"Сум на Новаја Земља од 1983 година", рече тој во соопштението за печатот. "Никогаш немало толку голема инвазија на поларни мечки".

Неговиот заменик рече дека нормалниот живот e нарушен од заканата.

"Луѓето се исплашени, се плашат да ги напуштат своите домови, нивните дневни рутини се разбиваат, а родителите не сакаат да ги пуштат своите деца да одат на училиште или во градинка", рече Александар Минаев, заменик-шеф на локалната администрација.

Со арктичкиот мраз кој се намалува како резултат на климатските промени, поларните мечки се принудени да ги променат своите ловeчки навики и поминуваат повеќе време на земја во потрага по храна - што потенцијално ги става во конфликт со луѓето.

Во 2016 година, пет руски научници беа под опсада од поларните мечки неколку недели во далечната метеоролошка станица на островот Тројној, источно од Новаја Земја.

0

Најчитани вести