На сатанистите Марко Ѓ. (21) и Катарина П. (34) од Обреновац, кој го снимиле ужасниот ритуал со колење на куче кон крајот на минатата година и тоа го објавиле преку Фејсбук, им е продолжен притворот за уште 30 дена.
Во видеото што ја вознемири јавноста се гледа млад човек кој го убива кучето повторувајќи ги зборовите "кефо зот", додека девојката која го снимила му дава инструкции. Инаку, според искуства од минатото со вакви појави и настани постои основано сомневање дека двајцата се членови на озлогласената секта "Црна ружа" (Црна роза).
По реакција на Фондацијата Левијатан поради објавите на оваа снимка на социјалните мрежи, се огласи министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ. Сторителите беа уапсени поради сомневање дека извршиле кривично дело убиство и злоупотреба на животни, а потоа добиле 30 дена притвор.

- Основното обвинителство во Обреновац поднесе обвинение против Марко Ѓ. и Катарина П., тие беа притворени и притворот им е продолжен за уште 30 дена. Обвинителството побара максимална казна, која е една година затвор заради злоупотреба и убиство на животни.

Исто така биле спроведени невропсихијатриски прегледи на притворените кои покажале дека се пресметливи, што значи дека кога одбраната не може да се повика на нивната непресметливост при вршење на делото.

1

Најчитани вести