Заев: Кога Мицкоски ќе каже јасен став дека е против бојкот на референдумот, тогаш ќе прифатам ТВ дуел (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев одговори на повикот за ТВ-дуел на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, велејќи дека ќе прифати дуел кога Мицкоски каже јасен став дека е против бојкот на референдумот за името на 30 септември.

„Кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе каже јасен став дека е против бојкот на референдумот, тогаш ќе прифатам телевизиски дуел", рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција со косовскиот претседател Хашим Тачи.

Мицкоски го повика Заев ТВ-дуел за референдумот и за Договорот од Преспа за време на синоќешната прес-конференција на кој што го соопшти партискиот став за референдумот. Како што кажа Мицкоски, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е сите граѓани да постапат според сопствените убедувања.

Поврзани

Најнови вести

Коментари