Јанчев: Мојот став да се гласа „против“ на референдумот е во согласност со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев вечерва изјави дека неговиот став за референдумот е во согласност со одлуката на партијата секој да постапи според сопственото убедување, но оти неговиот предлог бил членовите на партијата да се повикаат да излезат на гласање и да гласаат „против" референдумското прашање.

Јанчев во изјави за неколку електронски медиуми кажа дека тој е против Договорот со Грција за името и дека е за влез на Македонија во ЕУ и во НАТО.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ демантира дека би гласал „за" референдумското прашање и рече дека својот став на синоќешните состаноци на партијата го соопштил телефонски бидејќи не бил во можност да присуствува на нив во Скопје.

„Јас лично имав став да се повика членството да гласа против договорот за името, но не и против членството во ЕУ и НАТО".

Јанчев смета дека нема разлика помеѓу одлуката на ИК на ВМРО ДПМНЕ и неговиот став, односно за повикот до граѓаните да гласаат по сопствено убедување.

„Не сум дел од тивок бојкот, мислам дека членовите на ИК и претседателот на партијата немаат и не треба да имаат такви размислувања. ВМРО ДПМНЕ размислува како побрзо да се врати на власт".

„15 години наназад, ВМРО ДПМНЕ се залагаше за референдум. Референдумот не се бојкотира, ниту тивко, ниту реално". Членството на ВМРО ДПМНЕ не може да биде за овој договор, тој е работа на Заев, ние треба да сме против договорот, но што се однесува до ЕУ и НАТО, ние сме проевропски ориентирана пратија".

Според Јанчев, тој нема проблем со надворешната употреба на името Северна Македонија, но се противи на внатрешната употреба.

Поврзани

Најнови вести

Коментари