Унгарија ќе се обиде да ја оспори одлуката на Европскиот Парламент

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто изјави дека одлуката на Европскиот Парламент да покрене казнени мерки против неговата земја е мала одмазда на про-мигрантските политичари од Европа.

Сијарто рече дека Унгарија ќе бара начин да ја оспори одлуката на ЕП.

„Денешната одлука на Европскиот Парламент не е ништо друго освен ситна одмазда на про-мигрантските политичари против Унгарија. Одлуката беше донесена против правилата на европските договори“, изјави министерот за надворешни работи.

Со реакција се произнесе и унгарскиот премиер, Виктор Орбан кој порача дека мерките на Брисел против Будимпешта го кршат Договорот за ЕУ.

Претходно, Европскиот Парламент гласаше за активирање на Членот 7, кој ќе ѝ овозможи на ЕУ да ги спроведе казнените мерки против Унгарија која беше обвинета од Брисел за поткопување на владеењето на правото во земјата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари