Отсуството на спасувачки бродови во Медитеранот, предупредување за зголемена смртност кај мигрантите

Илјадници мигранти ризикуваат да го загубат животот на море, поради прекин на бродовите за спасување од невладините организации, предупредуваат агенциите за помош. Се работи за досега, најдолг период на нивно отсуство во централниот дел на Медитеранот, откако започнаа да работат на крајот од 2015 година, објави „Гардијан“.

Според информациите, од 26-ти август, ниту еден НВО спасувачки брод не оперирал на главните миграциони правци меѓу Северна Африка и Јужна Европа.

Антимиграционата политика од страна на владите на Малта и Италија, кои ги затворија своите пристаништа за бродовите, предизвикаа значително намалување на мисиите за спасување. Луѓето кои бараат азил се уште се обидуваат преку ризичните премини да стугнат до целта.

Бројот на оние што се удавија како дел од тие што пристигнуваа во Италија значително се зголеми изминатите неколку месеци.

Според бројките на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), 2.383 мигранти загинале како резултат на бродолом во 2017 година, во споредба со 100.308 пристигнувања во Италија. Во 2018 година, со невладини бродови под притисок од малцинските и италијанските власти, бројот на жртви веќе достигнал 1.130, во споредба со само 20.319 лица кои пристигнале во земјата.

Од 10-те спасувачки бродови кои работеа на Медитеранот, тројца се притворени во пристаништето Валета, Малта, во спорот околу регистрацијата на знамињата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари