За смртта на девојчето во Канада обвинет сириски бегалец

Ибрахим Али, 28-годишен бегалец од Сирија, кој добил азил во Канада, беше фатен и обвинет за убиство на 13-годишното девојче Мариса Шен.

Шен исчезна на 18 јули минатата година, а нејзиното тело беше пронајдено следното утро во Централниот парк Барнаби, источно од Ванкувер, во провинцијата Британска Колумбија.

Gepostet von Marrisa Shen am Donnerstag, 28. Juli 2016

Али беше фатен во истиот град на 7 септември оваа година, повеќе од една година по убиството. Тој дошол во Канада како барател на азил пред 17 месеци, што значи дека го извршил убиството само неколку месеци откако Канада му обезбедила засолниште од војната. Осомничениот убиец нема криминално досие, а полицијата го осомничила само пред две недели.

Ова е инаку најголема истрага за 15 години од постоењето на наведениот полициски сектор. Беа спроведени повеќе од 600 испитувања и беа прегледани над илјада часови снимки на камерите за надзор.

Надзорничката на Тимот за истраги за убиства во Ванкувер, Дона Ричардсон изјави дека се надева дека ова нема да предизвика негативна реакција кон бегалците.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари