Блок: Исходот од референдумот и постигнувањето резултати во домашните реформи се исклучително важни за приближување кон ЕУ и НАТО

Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Стеф Блок, кој престојуваше во возвратна посета на нашата земја, информираат од МНР по средбата и додаваат дека ова е четврта билатерална средба на министери за надворешни работи за период од 15 месеци, што претставува потврда за зголемениот интензитет на политичкиот дијалог меѓу двете земји.


На средбата беа разменети мислења за најновиот развој на внатрешно политичките состојби во Македонија, реформската ЕУ и НАТО агенда, регионалната соработка, како и за подготвителните активности поврзани со референдумот на 30 септември.


Димитров изрази благодарност за континуираната билатерална помош и поддршка од Холандија за реформа на јавната администрација и приближување кон европското законодавство, а во насока на реализација на стратешките приоритети на нашата земја. Континуираната поддршка од Холандија, земја која е витална и просперитетна европска демократија, за Македонија е од исклучително значење – истакна министерот Димитров.

Холандски министер Блок го поздрави постигнатиот напредок во текот на изминатата година во делот на реформската агенда за приближување на Република Македонија кон ЕУ и НАТО, посебно акцентирајќи го значењето од постигнатиот Договорот со Грција. Министерот Блок истакна дека исходот од претстојниот референдум и постигнувањето видливи резултати во домашните реформи се исклучително важни за непречено приближување на Република Македонија кон Европската Унија и ефектуирање на поканата за членство во НАТО.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари