Спасовски оствари средба со Џенаро Каполуонго, проект лидер на ИПА 2017

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се сретна со Џенаро Каполуонго, проект лидер на ИПА 2017 проектот „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“ и амбасадорот на Италијанската Република, Карло Ромео.

На средбата се разговараше за резултатите постигнати од првата фаза на ИПА 2017 проектот „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“, како и за втората имплементациска фаза на проектот „Борба против организираниот криминал: Меѓународна соработка во кривичната фаза“, која е предвидено да трае до 31.12.2019 година. Како имплементатор на активностите на овој проект е избрана Република Македонија.

Министерот за внатрешни работи Спасовски се заблагодари за досегашната успешната соработка помеѓу Министерствата за внатрешни работи на Република Македонија и Италијанската Република и го потенцира успешното спроведување на овој проект во рамките на ИПА, што ќе придонесе во борбата против организираниот криминал и корупција.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари