Велика Британија: Русија и натаму со лаги одговара на случајот „Скрипал”

Oбидите на Британија да добијат објаснување од Русија за труењето на поранешниот руски двоен шпион Сергеј Скипал и неговата ќерка, Јулија, постојано се соочуваат со двосмислености и лаги и тоа не се промени никогаш, ијзави денеска портпаролот на британската премиерка, Тереза Меј.

Русија идентификуваше двајца мажи кои Велика Британија ги посочи како осомничени за труење на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Солзери, изјави претходно рускиот претседател, Владимир Путин, додавајќи дека „нема ништо криминално поврзано со нив”.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари