Папата свика црковен состанок на глобално ниво со цел да се спречи сексуалната злоупотреба

Папата Франциско закажа средба со националните водачи на Католичката црква за да разговара за можностите за заштита на децата од злоупотребата од свештеници, соопшти Ватикан.

Состанокот со претседателите на националните бискупски конференции ќе се одржи во Ватикан од 21 до 24 февруари, се наведува во соопштението.

Советот на кардинали, одбор составен од девет члена кој го советува папата за внатрешните црковни реформи, имал интензивни разговори со папата Франциско во врска со случаите на злоупотреба, стои во објавата.

Папата се соочува со зголемен притисок за темелно решавање на проблемот, по серијата скандали во Чиле, Австралија и САД.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари