Ахмети-Тачи: Граѓаните масовно да гласаат про НАТО и ЕУ

Граѓаните масовно да гласаат „за“ НАТО и ЕУ. Ваков е заклучокот од средбата што денеска ја оствариле претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети и косовскиот претседател, Хашим Тачи, соопшти ДУИ.

Ахмети и Тачи разговарале за референдумот од 30 септември како и за случувањата во регионот, со посебен акцент на дијалогот помеѓу Косово и Србија.

„Ахмети го запозна Тачи со одвивањето на кампањата за референдумот подвлекувајќи ја големата важност од успешната реализација на Договорот од Преспа. Ахмети и Претседателот Тачи се согласија дека Албанците и воопшто сите граѓани на Македонија треба масивно да излезат и да гласаат ПРО НАТО и ЕУ“, соопшти ДУИ.

Соговорниците во рамки на средбата заклучиле дека единствената иднина за земјите од Западен Балкан, која обезбедува одржлив мир, безбедност и стабилност, е евроатланската интеграција. Ахмети, велат од ДУИ, целосно ги подржува интензивните напори на институциите на Косово со меѓународна помош за конечно решение на дијалогот со Белград во врска со демаркацијата на границата.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари