Палмер: САД сакаат да видат сеопфатен договор меѓу Белград и Приштина посветен на напредок

Србија ќе мора да се помири со Косово до целосна нормализација на односите, изјави американскиот заменик помошник
секретар, Метју Палмер во интервју за порталот „EWB“ (Европски Западен Балкан).

„Целосно нормализирање на односите, а тоа значи во моментов она што го одредуваат со преговорите предводени од ЕУ. Ние ги поддржуваме овие преговори, ја поддржуваме улогата на високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини за да им помогне на Белград и Приштина да се согласат околу дефинирањето на целосната нормализација”, ијзави Палмер.

Тој нагласи дека САД со години имаат добри односи со Белград, и истакна дека Америка и Србија имаат една цел.

„За Србија ова е прогресија кон членството во ЕУ, што е стратешка цел на Србија и нешто што САД силно го поддржуваат”, рече Палмер.

Според него, Србија, за да ја постигне таа цел „мора да се помири со Косово”.

Запрашан дали Америка го прифаќа договорот меѓу Србија и Косово на териториите, Палмер рече дека САД сакаат да видат „сеопфатен, локален договор посветен на напредокот” обидувајќи се да им даде простор на преговарачите за најдобриот договор што може да го постигнат.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари