Регистрирани над 3.600 случаи на злоставување во католичката црква во Германија

Католичките свештеници извршиле 3.677 случаи на сексуална злоупотреба во периодот од 1946 до 2014 година, пишува германскиот магазин „Шпигел онлајн“.

Магазинот наведува дека во извештајот за сексуална злоупотреба во рамки на католичката црква во Германија, во кој имал увид, а кој три универзитети го изработиле за бискупската конференција во Германија, се заклучува оти повеќе од половина од жртвите имале 13 или помалку години и дека поголемиот дел од нив биле момчиња.

Секој шести случај вклучувал силување, а вклучени биле најмалку 1.670 свештеници, пренесува агенцијата АП.

Засега германската бискупска конференција не реагираше во врска со извештајот, но објави дека подготвува одговор.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари