Планирано исклучување на Блок 1 во РЕК Битола

РЕК Битола информира дека во текот на денот ќе изврши планирано исклучување на Блок 1. Планираното исклучување се прави поради превентивна проверка и отстранување на помали дефекти, како и за зајакнување на оперативноста на блокот.

РЕК Битола ќе го продолжи континуираното производството на електрична енергија преку Блок 2.

АД ЕЛЕМ во моментов произведува електрична енергија според планот и според потребите на тарифните потрошувачи, а исто така врши и продажба на вишоци електрична енергија, така што сите зафати на производствените капацитети се пресметани во планот за производство.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари